Поврзете се со нас

Репрезентација

Вајли и се приклучи на нашата селекција

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација патува во Талин, а со оглед на тоа што патот е долг и се менуваат неколку летови селекцијата се комплетира со последните имиња.

Имено во Софија на националниот тим му се приклучи капитенот Војдан Стојановски, додека пак во Франкфурт истото го стори и новиот македонски адут – Џејкоб Вајли. Членот на шпанска Гран Канарија е нашето засилување за овој прозорец од квалификациите во кои ќе ги одмериме силите со Италија и Естонија.

Да потсетиме дуелите во „балонот“ во Талин се закажани за 28 (Италија) и 30 ноември (Естонија).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни