Поврзете се со нас

Германија

Вацке: Ова беше полошо од епилогот во 2013. година!

Објавено

на

Foto:instagram.com/bvb09/?hl=en

Борусија Дортмунд упропасти се што градеше во последните неколку кола и цела натпреварувачка сезона, бидејќи во завршниот чин на Бундеслигата потклекна на последниот испит.

„Милионерите“ требаше да остварат минимална победа над Мајнц за да ја прекинат 10-годишната доминација на Баерн Минхен и да станат германски шампиони, но притисокот си го направи своето и играчите на Терзиќ поткленаа во ваквата намера.

Борусија се спасуваше од пораз и одигра 2:2 на „Сигнал Идуна парк“, а бидејќи Баерн оствари драматична побед над Келн од 1:2, титулата повторно заврши во Минхен.

Разочарувањето во Дортмунд е огромно во ситуација кога цел град беше подготвен и расположен за славје, а главниот оперативец Ханс Јоаким Вацке заклучи дека ова сценарио е поболно и од поразот од Баерн во финалето во Лигата на шампиони во 2013-та година.

– Ова навистина боли, брутално боли. Дел од играчите не успеаја да се справат со притисокот како што треба, а причина за тоа беше и раниот гол на Баерн. Промашениот пенал беше пресвртница во брутално лошото прво полувреме. Ова навистина многу боли, повеќе ме боли и од поразот во финалето во 2013-та година, – признава Вацке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни