Поврзете се со нас

Германија

Вацке без влакна на јазикот распали против политиката на ПСЖ: Не би сакал да го гледам Емирот на Катар….

Објавено

на

Ханс Јоаким Вацке како извршен директор на Борусија Дортмунд секогаш го има главниот збор при носењето на најважните одлуки, па така беше и ситуацијата кога клубот реши да му ги отвори вратите на Џејдон Санчо во овој актуелен летен преоден рок.

Главниот оперативец на „милионерите“ немаше намера со сила да го држи англискиот репрезентативец и му дозволи да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, операција од која германскиот бундеслигаш заработи 85 милиони евра.

Борусија веќе го доведе Мален од ПСВ како директна замена за Санчо и одново се одлучи за стратегија според која се инвестираат далеку помалку пари од оние кои се заработуваат, а говорејќи на оваа тема во интервјуто за „Скај“, еден од водечките луѓе на Борусија не пропушти да изврши напад врз ПСЖ.

Францускиот клуб е еден од двата во Европа за кои се смета дека се клубови зад кои стојат цели држави (покрај Манчестер Сити), политика која воопшто не му се допаѓа на оперативецот на Борусија.

– Што ќе кажам за финансиската моќ на ПСЖ? Не сум љубоморен и завидлив. Мене искрено, не би ми се допаѓало да го поздравувам Емирот на Катар секој две седмици. Подобро ми е со оваа политика кај нас во Германија. Колку повеќе моќ им давате на таквите луѓе, толку повеќе сакаат да ги контролираат работите во фудбалот, – без влакна на јазикот порачува Вацке.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни