Италија
Удинезе ја продолжи негативната серија на Милан (Видео)

Златан Ибрахимовиќ го предводеше Милан како капитен во стартниот состав и постигна гол за престижен рекорд, но не успеа да спречи неуспех на „росонерите“ на гостувањето кај Удинезе (3:1).
Амбициозниот домаќин поведе со голот на Переира уште на стартот, а во финишот на првиот дел се случуваше вистинска драма на „Фриули“.
Најпрвин, Силвестри го одбрани пеналот на Ибрахимовиќ, но судиите решија дека треба да биде изведен одново, по што Швеѓанецот не погреши и стана највозрасен стрелец во историјата на лигата.
Сепак, Удинезе брзо се врати по шокот и со голот на Бето во судиското надополнување, дојде до предност од 2:1 на полувреме.
Во вториот дел гостите не успеаја да израмнат, а Ехизибуе ги постави конечните 3:1 на дваесетина минути до крајот.
Милан освои само бод на последните три средби во домашното првенство, па заостанува дваесет бода зад Наполи, кој има и натпревар помалку.
Златан за историја: Ибрахимовиќ постигна гол за престижен рекорд во Серија А (Видео)
-
Светпред 23 часа
Озил означи крај на кариерата со слика од Реал: Месут реши да се пензионира на 34 години (Фото)
-
Балканпред 4 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Три меча ќе ја одредат судбината на Анчелоти во Реал
-
Репрезентацијапред 22 часа
Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)
-
Балканпред 12 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Светпред 17 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ
-
Англијапред 21 час
Шпанската ѕвезда на Сити: Освојувањето на Премиер лигата е како да сте освоиле Лига на шампиони!