Поврзете се со нас

Италија

Златан за историја: Ибрахимовиќ постигна гол за престижен рекорд во Серија А (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/acmilan

Милан два пати имаше негатива во првото полувреме во Удине, а единствениот погодок за гостите го постигна Златан Ибрахимовиќ.

Шведскиот ветеран вечерва е стартер за „росонерите“, а во финишот на полувремето реализираше од белата точка и со тоа стана највозрасен стрелец во историјата на Серија А.

За да биде поинтересно, Ибра не реализираше од првиот обид, но судијата покажа дека пеналот ќе биде изведен уште еднаш, а Златан вторпат не погреши.

Ибрахимовиќ со 41 година и 166 дена стана највозрасен реализатор во лигата, соборувајќи го рекордот на Алесандро Костакурта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни