Поврзете се со нас

Франција

Тухел загрижен пред престојните предизвици: Можеби ќе имаме на располагање само 11 играчи

Објавено

на

Репрезентациите ги заврија своите обврски за овој месец, па сега се враќаат клупските мечеви, клупските предизвици пред кои дел од тренерите се соочуваат со многу проблеми.

Таков е случајот со Томас Тухел кој се пожали дека за дуелот со Ним кој е загревање за пресметката со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите ќе има на располгања мал број на играчи. Причините за тоа се различни, дел од фудбалерите се изморени, други повредени, некои се заразени со КОВИД-19, а сетоа тоа носи главоболки за германскиот стручњак.

-Мораме да преземеме одговорност за Нејмар и Килијан кои вчера одиграа скоро 90 минути и за Јужноамериканците кои многу патуваа. Можеби ќе имаме на располагање само 11, 12 или 13 играчи. Имаме лоша среќа. Дракслер и Маркињос се неизвесни и за Јунајтед. Колин Дагба имаше позитивен [тест за коронавирус] со У-21. Во случај на негативен тест, тој може да се врати во групата.

-Керер е повреден неколку недели. Бернат и Икарди се повредени, Икарди, пред една недела. Се работи за внатрешниот лигамент во коленото, не е премногу сериозен ама ќе ги скокне Ним и Манчестер, -истакна Тухел и притоа додаде:

-Денес Данило го имаме на располагање, ама тој беше во контакт со Роналдо и медицинскиот тим не сакаше тој да тренира со групата. Верати се повреди со Италија и сега е во контакт со нашиот лекар. Ни недостасуваат премногу играчи. Сега е предизвик да се најде почетна единасетка која може да го победи Ним, бидејќи тоа е најдобрата подготовка за Манчестер, -заврши тренерот на „светците“.

Дуелот Ним-ПСЖ се игра утре од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни