Поврзете се со нас

Англија

Тухел тврди дека Челси е ограбен во дербито: Од кога ова е дозволено во фудбалот? (Видео)

Објавено

на

Томас Тухел се најде во прв план по големото лондонско дерби поради двацата инциденти кои ги имаше со Антонио Конте, но по оној вториот двајцата добија црвени картони од судијата Тејлор и сега нема да бидат крај клупата во следната рунда.

Германецот имаше повеќе причини за незадоволство по ремито и примениот гол во 96-та минута, но покрај тоа што го коментираше инцидентот со колегата, Тухел не криеше дека е крајно разочаран од судијата Тејлор и нагласи дека подобро ќе биде во иднина ако тој веќе не му суди на неговиот тим.

Менаџерот на Челси му се нафрли на Тејлор поради двата гола на Тотенхем, кои според него не требале да бидат важечки. Првиот поради очигледен прекршок од Бентанкур над Хаверц во најавата за израмнувачкиот гол на Хојбјерг, а вториот поради кубење на Кукурелја пред да биде досуден корнер по кој Кејн израмни на 2:2.

– Имам повеќе проблем со судијата отколку со моите играчи. Жал ми е за моите играчи, заслужија да победат. Можеби ќе биде подобро ако овој судија веќе не му суди на Челси. Не се само фановите оние кои мислат дека Тејлор имаше одлуки против нас, тоа го мисли секој мој член во соблекувалната и сите играчи. Играчите знаат кога се врши неправда кон нив на теренот.

– Јас ќе бидам казнет следниот меч, но Тејлор ќе може да суди. Тоа не е во ред бидејќи двата гола на Тотенхем не требаше да важат. Во првиот има чист прекршок над Хаверц, а вториот….. Од кога е дозволено ова во фудбалот, од кога е дозволено влечење за коса. Тие го проверија тоа и не реагираа. Тоа е смешно, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни