Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тухел остана без четворица клучни играчи за Јувентус: Канте е возрасен, не можам да му се лутам

Објавено

на

Томас Тухел ова попладне ја одработи закажната прес-конференција во пресрет на новиот голем дуел кој ќе го има неговиот Челси, овојпат против Јувентус во Лигата на шампионите.

Актуелниот европски шампион загуби од Манчестер Сити на домашен терен изминатиов викенд, а утре ќе му гостува на Јувентус во Торино без четворица клучни играчи, од кои двајца веќе не му стоеја на располагање на Тухел и во саботата.

Германскиот стручњак порача дека Мејсон Маунт и Пулишиќ не се опоравиле навреме за гостувањето во Италија, но на болничката листа се придодадени и Рис Џејмс поради повреда, но и Нголо Канте поради позитивен тест на Ковид 19.

Тухел кој има примено двојна доза против коронавирусот, вели дека не му се допаѓа што и натаму губи фудбалери поради оваа комплексна ситуација, но потенцира дека станува збор за слобода на избор и не може да му се лути на Канте кој ќе остане во изолација најмалку 10 дена и ќе го пропушти дуелот со Јувентус, но и оној со Саутемптон следниот викенд.

– За првите тројца, се работи за нормални фудбалски повреди и не стигнаа на време за овој меч со Јувентус. Канте е позитивен на Ковид 19, а ние како општество, мора да им оставиме избор на луѓето. Истото важи и за играчите. Ние сме професионалци, но секој треба сам да избере дали ќе се вакцинира, или не. Мора да го прифатиме тоа.

– Јас знам дека оваа работа со вирусот е далеку од завршена, пандемијата не е завршена. Но, секој носи индивидуална одлука, вакцината изгледа како коректна заштита и јас веќе се вакцинирав. Сепак, не можам да давам такви совети и препораки до играчите. Јас сум тренер, а не експерт по медицина. Сите сме возрасни и живееме во слободно општество. Секој носи свои одлуки и одговара за истите. Не сакам да губам играчи поради Ковид 19, но не можам да му бидам лут на Канте, – изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни