Поврзете се со нас

Франција

Тухел: Нејмар ќе биде подготвен за Јунајтед

Објавено

на

Тимот на Пари Сен Жермен без проблеми го реши вчерашното гостување кај Ним (4-0) во Лига 1 со што на најдобар можен начин ја најави пресметката со Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите.

До овој триумф „светците“ стигнаа без најголемата ѕвезда Нејмар кој воопшто не беше ниту на клупата за дуелот со Ним и тоа само откако пред неколку денови даде хет-трик за Бразил против Перу во квалификациите за Светското првенство.

Дел од јавноста помисли дека Нејмар закачил некоја повреда, но се работело само за одмор и тој ќе биде спремен за мечот со Јунајтед закажан за 20 октомври на „Паркот на принцовите“.

-Неј нема проблем. Разговаравме заедно како што тоа го сторив со Килијан. Имавме искрена дискусија и одлучив да го одморам денеска. Утре ќе биде со нас. Тој ќе тренира и ќе биде подготвен за натпреварот против Манчестер Јунајтед. Сигурно ќе биде на теренот, -порача тренерот Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни