Поврзете се со нас

Франција

Тухел даде краток одговор на прашањето дали ПСЖ ќе го ангажира Меси

Објавено

на

Како што одминува времето, тимот на ПСЖ станува главен фаворит за ангажман на Лионел Меси од редовите на Барселона.

Иако првично се мислеше дека тимот на Манчестер Сити ќе стгине до потписот на аргентинскиот фудбалер, тоа веројатно нема да се случи и Меси ќе продолжи во главниот град на Франција.

Дали еден од најдобрите фудбалери во историјата ќе го засили тимот на ПСЖ коментар даде и тренерот на најповиканиот клуб, Томас Тухел.

Сепак, Германецот не откри многу во својата изјава, но не ни негираше дека неговиот клуб ќе се обиде да го ангажира Лео Меси.

– Не сакам да зборувам за Меси поради тоа што тој не е фудбалер на мојот тим, а јас имам голема почит кон него и Барселона. Немам што повеќе да кажам на оваа тема, -кратко беше Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни