Поврзете се со нас

Англија

Тросард со хет-трик ги расипа плановите на Ливерпул, деби погодок за Обамејанг и деби победа на Потер на клупата на Челси (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Ливерпул не успеа да го потврди статусот на фаворит и освои само бод од супер интересната пресметка со Брајтон која се одигра на „Енфилд Руд“.

„Црвените“ имаа огромни проблеми со избраниците на Де Ѕерби и по 17 минути игра веќе имаа негатива од 2-0 со головите кои ги постигна Тросард. Ова дефитивни значеше дека домаќините мора да се разбудат, а првиот знак дојде во 33 минута кога Фирмино намали на 2-1.

Немаше промени до паузата, а во вториот дел Ливерпул од 54 до 63 минута се избори за целосен пресврт со погодокот на Фирмино и автоголот на Вебстер. И кога на „Енфилд Роуд“ очекуваа дека нивните миленици ќе успеат да го задржат тешко стекнатото водство во 83 минута Тросард се најде на вистинското место за хет-трик и конечни 3-3.

Челси го доби градскиот ривал Кристал Палас со 2-1. Првата победа за новиот менаџер Потер ја донесоа Обамејанг со деби погодокот во дресот на „сините“ и Галагер во 90 минута на асистенција на Пулишиќ.

На другите мечеви Њукасл го прегази Фулам со 4-1, Евертон како гостин беше подобар од Саутемптон (2-1), мрежите мируваа пак меѓу Борнмут и Брентфорд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни