Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Валенсија брутално распали по својот стопер: Повторно губиме бодови поради него! (Видео)

Објавено

на

Муктар Диакаби дефинитивно ги загуби сите кредити меѓу фановите на Валенсија, откако на два натпревари кои се одиграа во период од три месеци успеа да направи вкупно три пенали, од кои сите беа кобни за „лилјаците“.

Валенсија изминатава ноќ испушти победа против градскиот ривал Леванте во седмата минута од судиското надополнување, а главен виновник за тоа беше Диакаби кој направи почетничка грешка. Стоперот направи непотребен прекршок и го собори противничкиот играч, па ВАР снимката покажа дека станува збор за фаул во шеснаесетникот.

Ова не беше прва глупост за Диакаби оваа сезона, бидејќи на последниот меч кој го одигра Валенсија пред паузата, направи два пенали на мечот против Аталанта во Лигата на шампионите.

Леванте вчера благодарение на него израмни на 1:1 и освои голем бод на „Месталја“, по што тренерот Селадес комплетно ги загуби нервите и распали по својот играч за ужасните изданија.

– Кога Диакаби прави грешки, слично како пред паузата, тешко е да се сфати тоа, а уште потешко да се прифати. Секој останува повреден кога прави грешки. Неговите грешки не чинеа бодови, места на табелата и елиминација во Лигата на шампоионите. Зборувавме со него за ова и повторно го направи. Се надеваме дека нема да го повтори ова, – изјави бесниот Селадес кој категорично го обвини дефанзивецот за загубените два бода во финишот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни