Поврзете се со нас

Свет

Трагичната смрт на Гонсалвес донесе откажување на осмата етапа на Рели Дакар

Објавено

на

Смртта на португалскиот мотоциклист Пауло Гонсалвес ги шокираше неговите колеги и останати натпреварувачи на релито Дакар, а организаторите решија да повлечат потег поради трагедијата која се случи во седмата етапа.

Во договор со тимовите и натпреварувачите, осмата етапа на релито во конкуренција на мотоциклисти и квадови е откажана.

– Потегот е направен во почит на болката која ја доживеаја останатите учесници кои беа блиски пријатели на загинатиот Гонсалвес. Одлуката за откажување на осмата етапа е донесена во договор со сите тимови, – објави организаторот.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни