Поврзете се со нас

Свет

Томовски блеска на голот пред пристигнувањето во Вардар, Миркуловски и Пешевски со максимален ефект

Објавено

на

Мартин Томовски ќе игра во ВАрдар наредната сезона, а пред да се врати во Скопје, македонскиот репрезентативен голман на извонреден начин ја „билда“ својата форма во Бундеслигата.

Голманот на Лудвигсхафен денеска беше еден од назаслужните за победата на овој тим во пресметката со Бергишер од 28:22, бидејќи покрај тоа што ги лимитираше гостите на само осум гола во вториот дел, имаше и фантастичен учинок со 14 интервенции, од кои две одбрани беа од седум метри.

Македонскиот чувар на мрежата ја потврди својата фантастична форма со доминантната претстава меѓу стативите, по која Лудвигсхафен продолжува во битката за опстанок во елитата.

Од останатите македонски претставници во силната германска ракометна лига, Вецлар победи убедливо против Нодрхорн со 35:26 во натпревар во кој Миркуловски стрелаше три пати, од исто толку обиди кон противничкиот гол.

Максимален ефект имаше и Жарко Пешевски во дресот на Штутгарт со два постигнати гола од два удари, но неговиот тим претрпе пораз од 35:29 на гостувањето кај Лемго. Последниот макеоднски репрезентативец, Филип Кузмановски немаше ниту една реализација на натпреварот кој го одигра, а во кој Хановер ремизираше со Фуксе Берлин (27:27).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни