Поврзете се со нас

Автомобили

Тојота се вклучи во мини-ван сегментот со Проејс!

Објавено

на

Глобалниот автомобилистички бренд Тојота на европскиот пазар реши да парира на конкуренцијата во сегментот на лесни доставни возила, а овој септември во Македонија ќе дебитира нивниот фаворит Проејс сити.

Моделот доаѓа во две изведби, како товарно и фамилијарно возило, како и со две должини на просторот за багаж L1 (кратка, 1.817mm) и L2 (долга, 2.167mm), па сѐ до 3.400 mm должина за товарење за верзиите опремени со Smart Cargo опцијата.

Во понудата се два бензински и три дизел мотори со моќност од 75 до 130 коњски сили, во комбинација со мануелни менувачи од 5 и 6 стеоени, како и еден со 8-степен автоматски менувач. Најавено е дека ќе има гаранција од 6 години или 200.000 километри, при сервисни интервали од еднаш годишно.

Колку јапонските конструктори успеале да се доближат до европските гиганти во овој сегмент, очекуваме да дознаеме при пробно возење кога ќе имаме можност да ги сумираме впечатоците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни