Поврзете се со нас

Лига Европа

Титулата патува во Шпанија: Мурињо конечно загуби европско финале, ЛЕ е натпреварување за Севилја (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Севилја е освојувач на пехарот во Лига Европа во кампањата 2022/2023 и тоа откако во големото финале во Будимпешта успеа да ја добие драмата со калчолигашот Рома.

Средбата во Унгарија беше исцрпувачка за двете екипи, немаше победник по 120 минути, па пеналите беа оние кои го дадоа победникот во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Тука избраниците на Мендилибар го задржаа фокусот, беа посконцентирани и со 4-1 дојдоа до трофејот во ЛЕ. Ова за клубот од Андалузија е седмо славје во ова натпреварување, а со истото обезбедија пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.

Фудбалерите на Рома ги дадоа единствените два гола на дуелот, првиот беше на Дибала во 35 минута, додека несреќниот Манчини си даде автогол во 55 минута. За Манчини може да се каже дека е и трагичат на натпреварот ако се земе во предвид дека не стрелаше и во пенал серија.

Овој вечерашен резултат воедно значеше и крај на серијата на Жозе Мурињо кој досега имаше перфектен учинок во европските финалиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни