Балкан
Тимот што победува не се менува: Далиќ доби нов договор и останува на кормилото на хрватската репрезентација

Хрватската фудбалска сениорска репрезентација има доста успеси во изминативе години, а за тоа огромни заслуги има селекторот Златко Далиќ.
Далиќ успеа да стане најуспешен селектор на „коцкестите“, ја однесе Хрватска со самата завршница на две Светки првенства во низа, а со овој состав ќе игра и на Ф4 во Лигата на нации, поточно сите овие резултати му донесоа нов договор според кој ќе остане на сегашната функција до 2026 година.
-Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Кустиќ и ХНС за голема доверба, како и за поддршката што ја имам во работењето со националниот тим. Многу пати истакнав дека оваа работа е најголема чест и најголемо задоволство што можам да го имам како тренер, па јас навистина се радувам на иднината со хрватската репрезентација.
-Без оглед на тоа што веќе постигнавме прекрасни успеси, јас имам голема страст и амбиција да продолжам да работам со Хрватска и сметам дека однапред имаме многу големи предизвици. Во јуни, ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на нации, а следното лето сакаме да бидеме дел од спектакуларното ЕП во Германија – тоа би било исполнување на сонот да се игра големо натпреварување пред десетици илјади наши фанови. Уживам да работам со нашите играчи и со моите соработници и не можам да замислам поубава и почесна работа отколку водење на хрватската репрезентација, -порача Далиќ кој со „коцкестите“ има сребрен и бронзен медал од мудијалите во Русија и Катар.
-
Балканпред 14 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Англијапред 13 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Балканпред 22 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Светпред 14 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
НБАпред 12 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Хојбјерг за искрениот Конте: Мора да ги образложи критиките пред нас…