Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Тер Штеген воодушеви со скромната изјава по чудесните одбрани на „Камп Ноу“

Објавено

на

Марк Андре Тер Штеген се врати на голот на Барселона по пауза од три месеци, но претставата која ја имаше на „Камп Ноу“ брзо ги натера фановите на каталонскиот гигант да сфатат каков квалитет му недостасуваше на тимот од стартот на сезоната.

Барса одигра потпросечен меч во Лигата на шампионите и со многу среќа го победи Динамо Киев, а круцијална улога во триумфот од 2:1 одигра токму Тер Штеген кој отсуството од три месеци го надокнади со три страшни одбрани во текот на 90-те минути.

Германецот правеше чуда на голот и со трите вонсериски реакции ги вчудоневиди фановите на Барселона, но истовремено и ги шокираше играчите на Динамо кои пропуштија да го казнат фаворитот кој имаше многу пропусти во играта.

Тер Штеген без никаков сомнеж беше херој на мечот и МВП во победата по враќањето од незгодната повреда, а со својата изјава по крајот на мечот докажа дека скромноста и натаму е негов голем квалитет надвор од фудбалскиот терен.

– Беше многу важно да оствариме победа. Имав толку голема желба да се вратам на теренот и го правев тоа што најмногу ми се допаѓа. Тие ни создадоа многу шанси и мора да се подобриме во тој поглед. Во првиот дел бевме добри, но во второто полувреме ја загубивме контролата и многу страдавме на теренот, – изјави Тер Штеген кој потоа беше запрашан за неговот индивидуално издание.

– Не се важни моите паради, најважно е тоа што тимот победи и фактот што се вратив на теренот. Многу сум среќен за тимот, што помогнав да победиме. Се надевам ќе продолжиме со добри резултати, – додаде Германецот.

Три месеци пауза – три страшни одбрани: Тер Штеген се врати и ги фрли во транс фановите на Барселона (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни