Поврзете се со нас

Германија

Тер Штеген има предлог за Геце: Марио е играч…

Објавено

на

Марио Геце по крајот на оваа сезона ја завршува својата приказна со Борусија Дортмунд, поточно неговиот договор истекува и тој како слободен играч може да ја одбере следната фудбалска средина.

Има различни предлози, совети за германскиот интернационалец за тоа каде треба да продолжи, да се испроба, а според голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген доаѓањето во Шпанија е опција од која офанизвецот може да има корист.

-Марио е играч кој знае со топка и да ја унапреди играта. Тој дефинитивно би се вклопил во шпанската лига. Дали неговата цел е да игра фудбал – не знам. Кога разговараме еден со друг, никогаш не зборуваме за фудбал.

-За мене, важно е само тој да донесе правилна одлука и да е среќен. Би бил добар за многу клубови и може да направи разлика за многу клубови, -порача Тер Штеген.

Марио има 27 години, но неговата кариера дефинитивно е во пад по златниот гол што го даде за Германија во финалето на СП во 2014 година. Тој изминативе години беше дел од Баерн и Дортмунд, ама не беше во прв план, односно не успеа да заигра на врвната форма од неговата прва етапа во Борусија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни