Поврзете се со нас

Балкан

Талентираниот Ибиши го комплетираше трансферот во Хрватска и има голема цел: Сака да го детронизира Динамо

Објавено

на

Фудбалскиот клуб Локомитва беше најголем губитник во фудбалска Хрватска во сезоната која неодамна заврши, бидејќи второто место на табелата го надополни со пораз во големото финале во Купот.

Локомотива ги освои симпатиите со офанзивниот фудбал, но тоа не беше доволно да ја победи Ријека во финалето во Купот, додека Динамо беше недостижен во фудбалското првенство во Хрватска.

Сепак, актуелниот хрватски вицепрвак планира да продолжи по истиот пат во новата сезона, а еден од „џокерите“ се очекува да биде талентираниот Џемал Ибиши кој досега настапуваше за Вардар.

– Очекувам да бидам на свое ниво, да му помогнам на тимот и на крајот да бидеме шампиони. Одлична работа е што влеговме во квалификациите за Лигата на шампионите и ќе дадеме се од себе во искушенијата кои следат пред нас.

– Гледав повеќе од половина натпревари на Локомотива од минатата сезона, ми се допаѓа стилот на игра и верувам дека добро ќе се вклопам. Хрватската лига е подобра, поквалитетна, на повисоко ниво од македонската, поблиска е до европскиот фудбал. Тоа е одлична отскочна даска за кариера во Европа, што исто така е мој мотив за дојдам во Локомотива, – изјави 19-годишниот Ибиши за официјалната страна на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни