Македонија
Суспензија и кривична пријава за полицаецот кој со пендрек го удри Талески (ВИДЕО)

Финалето на Купот на Македонија заврши со победа на Вардар 1961 над Еурофарм Пелистер, но по крајот на мечот видовме една мешаница при која реагираше полицијата при што еден од органите на редот отиде предалеку и со пендрек го удри Филип Талески.
Овој негов потег наиде на големи реакции, осуда, па сега се огласи и Министерството за внатрешни работи (МВР) која информираше дека против полицаецот (лицето Х.Р) е поднесена кривична пријава за „малтретирање во вршење на службата“, а воедно ќе биде суспендиран од работа додека трае дисциплинската постапка.
-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција – Скопје, поднесе кривична пријава против Х.Р., вработен како полициски службеник во полициска станица на подрачје на СВР Охрид, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, по член 143 став 1 од Кривичниот законик.
Имено, пријавениот на 13.05.2023 година, околу 20.00 часот во Спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид по завршување на ракометен натпревар, при вршење на службата со умисла извршил малтретирање врз оштетениот Ф.Т. на начин што неосновано и прекумерно употребил средства за присилба врз него.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, како овластен предлагач, против Х.Р. ќе покрене постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, а работникот ќе бидат суспендиран од работа до завршување на дисциплинската постапка, -стои во соопштението на МВП.
Vardar 26-25 Pelister
Vardar are 🇲🇰 Cup winners after a dramatic match – with tumult in the end.
#handball pic.twitter.com/CkvEp3HlCw
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 13, 2023
After the match Filip Taleski was hit with a baton by a police officer! pic.twitter.com/UF7ZBrKuSu
— Rasmus Boysen (@RasmusBoysen92) May 13, 2023
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Италијапред 14 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 18 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 15 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Англијапред 13 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 18 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
„Бомбата“ на Дукуре му донесе опстанок на Евертон, Лестер и Лидс се нови второлигаши (Видео)