Поврзете се со нас

Македонија

Вардарецот се пожали на социјалните мрежи: Талески доби пендрек во глава од полицаец во Охрид (Видео)

Објавено

на

Вардар не дозволи втора победа во низа на Еурофарм Пелистер на вечните дерби пресметки во ракометна Македонија, па со триумф успеа да одбрани еден од двата трофеи оваа сезона.

Откако ја загуби битката за домашното првенство, вардарци денеска излегоа помотивирани и со повеќе желба во Куп пресметката, па на крајот го добија дуелот со 26:25 и одново го освоија трофејот во ова натпреварување.

Еден од најдобрите поединци во редовите на Вардар беше репрезентативецот Филип Талески, но македонскиот бек не можеше целосно да се израдува на триумфот, бидејќи во финишот на финалето беше дел од немил настан.

Во обид да ја расчисти турканицата меѓу неколку ракометари, Талески ни крив ни должен доби пендрек во главата од полицаец во Охрид, па ова видео кое стана вирално го објави и на својот Инстаграм профил.

Шокиран од настанот е и Дејан Манасков, кој на Фејсбук го постави само прашањето „Зошто?“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни