Лига на шампиони
Судијата кој му донесе среќа на Сити против Реал ќе го суди големото финале во ЛШ

УЕФА ги одреди сите градови домаќини за големите финалиња во своите натпреварувања, а денеска ги делегираше и судиите кои ќе ја имаат последната одлука на натпреварите во Истанбул, Будимпешта и Прага.
Европската куќа на фудбалот денеска ја извести јавноста дека се избрани три елитни судии, но дефинитивно најголемо внимание привлече делегирањето за големото финале во Лигата на шампионите.
УЕФА нема навика да делегира судии кои имале важна арбитража во полуфиналињата, но сега направи исклучок и му се довери на Симон Марчињак. Полјакот го судеше реваншот против Манчестер Сити и Реал Мадрид и им донесе среќа на „граѓаните“ во битката со „кралевите“, а сега ја доби честа да ја дели правдата и на големото финале на 10-ти јуни.
Марчињак дефинитивно има сезона за паметење во својата судиска кариера, бидејќи беше поставен на центарот и беше главен арбитар на големото финале на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција.
Во финалето во Лигата на Европа каде ќе се сретнат Рома и Севилја главен судија ќе биде Ентони Тејлор, додека во Конференциската лига правдата ќе ја дели Дел Серо Гранде на пресметката меѓу Фиорентина и Вест Хем.
⚽ The referees for this season's UEFA club finals:#UCLfinal: Szymon Marciniak 🇵🇱#UWCLfinal: Cheryl Foster 🏴#UELfinal: Anthony Taylor 🏴#UECLfinal: Carlos Del Cerro Grande 🇪🇸
Full story: ⬇️
— UEFA (@UEFA) May 22, 2023
-
Шпанијапред 10 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 12 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Германијапред 10 часа
Салихамиџиќ по отказот од Баерн: Многу сум емотивен, ситуацијата не е лесна…
-
Италијапред 9 часа
Три ѕвезди на Јувентус денес ќе се збогуваат со фановите, важен играч на Алегри го пропушта дербито
-
Англијапред 8 часа
Џака се „збогуваше“ со Арсенал во пресрет на последното коло
-
Шпанијапред 5 часа
Барселона договорила засилување од Вулверхемптон
-
Францијапред 13 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Себалјос покажа како изгледа неговата нога по крвничкиот старт од Акуња (Видео)