Поврзете се со нас

Шпанија

Стоперот на Реал со „подвижно диско“ вредно 400 илјади евра пристигна на тренингот во Валдебебас (Видео)

Објавено

на

Валдебебас тренинг центарот често знае да биде место на кое парадираат страшни и скапи автомобили, но иако во најголем дел од случаите играчите на Реал Мадрид доаѓаат со автомобили од клупскиот спонзор (Ауди), повремено има и исклучоци како оној денеска.

Бразилецот Милитао не се докажа премногу со своите изданија во белиот дрес, но иако е прерано да се суди за неговите партии во шпанската престолнина, од денешното видео може да се заклучи дека е голем фан на спортските автомобили.

Милитао се издвои од соиграчите и пристигна на ренингот со автомобил вреден 400 илјади евра, но на новинарите внимание им привлече и еден друг момент.

Стоперот на Реал Мадрид од своето Ламборгини Авентадор направи подвижно диско, односно со пуштена музика до максимум мина низ портата на Валдебебас пред која стојат новинарите и фановите.

Ова не е првпат еден играч на Реал да се истакне со својот скап автомобил, но дефинитивно Милитао има чуден начин на опуштање пред одработување на вообичаениот тренинг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни