Поврзете се со нас

Македонија

Стојчев демантира фузија на Академија Пандев со Беласица и најави нов богат инвеститор

Објавено

на

Фудбалската јавност во Македонија веќе извесен период зборува за наводната фузија на двата струмички клуба, Беласица и Академија Пандев.

Ваквото нешто го најави првиот човек на Беласица, Славчо Васков Пинда кој истакна дека било договорено од двата клуба да се формира еден силен клуб кој ќе го носи името Беласица.

Сепак, ваквата вест ја демантираше тренерот на Академија Пандев, Ѓорѓе Стојчев кој истакна дека сопственикот на клубот, Горан Пандев им ветил дека наскоро ќе добијат богат инвеститор кој сакал да вложи во тимот.

– Имавме состанок со Горан Пандев кога се појавија информациите околу иднината на клубот.Тој демантираше дека ќе има некаква фузија или повлекување од Првата лига.

– Има најави за нов инвеститор кој сака да вложи во овој проект и го гледа како добра работа за долги патеки. Ако влезе ќе биде навистина добро за македонскиот фудбал, -изјави меѓу другото Ѓорѓе Стојчев по елиминацијата од Конференциската лига од тимот на Лехија Гдањс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни