Поврзете се со нас

Македонија

Стефановски го заокружи викендот на Имола со шесто место на втората трка

Објавено

на

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски извозе уште една солидна трка од ТЦР Италија на патеката Имола и сериозно ја подобри позицијата во однос на стартот.

Иџе и денеска стартуваше како шеснаесетти, што дефинитивно значи комплицирана трка, но на крајот стигна до одличното шесто место.

Стефановски зад себе остави седумнаесет возачи со пласман и уште четворица кои не обезбедија пласман, па може да биде задоволен од ТЦР Италија викендот на Имола.

Вчера, Иџе стартуваше од истата позиција, а го освои осмото место, откако и самиот потврди дека во завршницата останал без ауспухот, што ги намалило перформансите и создавало голема бучава во кабината.

Победник на денешната трка е Италијанецот Кевин Чекон, а на победничкиот пиедестал се најдоа и Матијас Вахтел и Душан Курил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни