Поврзете се со нас

Лига Европа

Станковиќ одби да се поздрави на „Ајброкс“, Ван Бронхорст не можеше да поверува (Видео)

Објавено

на

Црвена Звезда беше рамноправен ривал на Ренџерс во најголем дел од мечот, па токму поради тоа конечните 3:0 не ја отсликуваат реалноста на теренот.

Фудбалската пресметка на „Ајброкс“ во Лига Европа беше во најмала рака несекојдневна и необична, бидејќи Ренџерс постигна три гола, но толку можеше да постигне и Звезда која го заврши мечот без погодок.

Трагичар на вечерта беше Катаи, фудбалерот на српскиот тим на кого му беа поништени два гола поради минимални офсајди во првото полувреме, период од играта во кој не реализираше и пенал.

Ренџерс беше како казнена експедиција на домашен терен и постигна три гола за голема предност пред реваншот, а по крајот на мечот во фокусот се најде и реакцијата на Џовани Вам Бронхорс.

Дејан Станковиќ одби да се поздрави со тренерот и веднаш се упати во соблекувалната, потег со кој го остави во неверица Холанѓанецот кој очекуваше џентлменско ракување со колегата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни