Поврзете се со нас

НБА

Соседски грабеж: Лејкерс ја „украде“ најдобрата резерва на Клиперси и предизвика бура во НБА (Фото)

Објавено

на

На самото отворање на преодниот рок во НБА лигата, шампионот Лос Анџелес Лејкерс се покажа како најативен во првите неколку часа, режирајќи потези со кои предизвика бура од реакции во американската спортска јавност.

„Езерџиите“ се јасни во намерата да го задржат Ентони Дејвис, но пред да се случи тоа, направија еден сензационален потег и „украдоа“ важен играч од лутиот ривал Лос Анџелес Клиперс.

Лејкерс го договори шестиот најдобар играч во НБА лигата за минатата сезона, фантастичниот Монтрезл Херел кој ќе остане во Лос Анџелес, но сега ќе го носи жолтиот дрес на лутиот градски ривал од соседството.

Ова секако е голем удар за Клиперси кои влегуваат со нов проект и нов тренер во обидот да дојдат до титулата, а по сите шпекулации, трансферот го потврди и самиот Херел со своите активности на социјалните мрежи.

Херел добива двегодишен договор со кој ќе заработува по 19 милиони долари по сезона, а покрај него, Лејкерс во првите неколку часа од преодниот рок го осигура и потписот на Весли Метјуз кој имаше улога на слободен агент откако му заврши договорот со Милвоки.

Од друга страна, Лејкерс се откажа од услугите на Двајт Хауард, кој во наредните часови треба да го комплетира преминот во Филаделфија.

Шокиран од трансферот на Херел во Лејкерс беше и неговиот доскорашен соиграч, Патрик Беверли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни