Поврзете се со нас

Шпанија

Сопругата на Серхио Рико откри дека голманот на ПСЖ направил клучен напредок во големата борба

Објавено

на

Foto:instagram.com/sergioricogonzalez1

Алба Силва постојано дава информации за тоа како прогресира здравствената состојба на нејзиниот сопруг Серхио Рико, кој пред еден месец доживеа ужасен пад од коњ и цели три седмици се бореше за живот и беше во кома.

Голманот на ПСЖ веќе десетина дена е надвор од животна опасност и не е интубиран, а сопругата сега открива уште еден позитивен знак во врска со прогресот кој го прави големиот борец.

Во разговор со шпанските новинари, Алба обелоденува дека Рико веќе ги препознава своите најблиски, што е исклучително добра вест после тешкиот период кој го мина.

Тоа значи дека голманот го нема загубено помнењето и мозокот нормално функционира, па следен чекор сега се очекува да биде напуштање на интензивното одделение.

– Имаме големо трпение, но најдобра вест е тоа што се подобрува и оди чекор по чекор. Веќе не кажува по имиња и не препознава. Се надевам дека брзо ќе биде префрлен од интензивно одделение, – изјавила неговата сопруга Алба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни