Поврзете се со нас

Англија

Солскјер со јавно предупредување до Рашфорд и Марсијал: Не сакам его во тимот…

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер испрати јавно предупредување до двајцата напаѓачи на тимот, Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.

Индивидуалните награди се доста популарни во модерниот фудбал, но Солскјер ги предупреди своите играчи дека не сака да се натпреваруваат меѓусебно во клубот туку сака заедно да работат за доброто на тимот.

Интересно е што Марсијал и Рашфорд оваа година имаат речиси изедначен број на голови, Французинот има еден повеќе кој го постигна на натпреварот против ЛАСК Линц во кој Рашфорд не доби шанса (23:22).

– Нема натпревар меѓу нив. За мене, никогаш не треба да има натпревар меѓу соиграчите во еден тим. Ние имаме една заедничка цел: да победиме. Ако почувствувам дека еден играч игра за самиот себе, за лични признанија и награди, нема да го имам во мојот тим, едноставно е.

– Не сакам его во мојот тим. Не може да се работи за еден играч кој мисли да постигне повеќе голови од другиот. Ако победите како тим, не е важно кој постигнал 15 кој 30 гола, важно е дека сте допринеле за таков успех.

– Руд ван Нистелрој се фокусираше на своите голови. Беше тажен и кога ќе победевме и со 4:0 ако тој не постигнеше гол. Но, тој беше тимски играч, никогаш не го видовте Руд да шутира ако можеше да подаде, -јасен беше Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни