Поврзете се со нас

Англија

Солскјер меѓу редови ја најави одлуката на Единсон Кавани

Објавено

на

Искусниот ургувајски напаѓач, Единсон Кавани во последно време игра фантастично во дресот на Манчестер Јунајтед, па од клубот дополнително притиснаа за негово останување во клубот и по крајот на оваа сезона.

Кавани се двоуми дали да остане во Манчестер Јунајтед, најмногу поради семејни причини, но како што стојат работите тој веројатно ќе остане на „Олд Трафорд“ уште една сезона.

Тоа меѓу редови го најави и Оле Гунар Солскјер кој истакна дека до недела ќе биде донесена конечната одлука на Кавани, притоа истакнувајќи дека тој можеби веќе и донел одлука.

– Немаме граница за него, колку повеќе голови постигне, толку подобри ќе бидеме како тим. Да зборуваме на оваа тема по недела. Можеби се премислил, можеби одлучил. Можеби, -изјави Солскјер кој меѓу редови го потврди останувањето на Кавани во клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни