Македонија
Смилковски: Го освоивме Купот, сега го сакаме и трофејот во Суперкупот
Вечерва се игра дуелот од Суперкупот на Македонија, дуел во кој МЗТ Скопје и ТФТ ќе се борат за трофејот „Драган Василов-Цевка“.
„Металците“ го бранат пехарот, но ТФТ е незгодна екипа и тоа клубот од Аеродром можеше да го почувствува минатата сезона кога загуби од нив во финалето на Купот.
Составот од Тафталиџе е амбициозен и годинава веќе се испроба во Европа (Лигата на шампиони на ФИБА), ќе игра во АБА2 лигата, па овој меч со МЗТ ќе им биде добра проверка за тоа што престои.
-Супер куп на Македонија, за нас уште еден од низата натпревари кои може да ни ја појаснат сликата за оваа наша ‘нова’ екипа – пред почетокот на лигашките натпревари како и пред почетокот на АБА 2 лигата – натпреварувања кои се наш приоритет оваа година. Истовремено, натпревар за трофеј што секогаш дава дополнително значење и сигурен сум дека иако истиот има претсезонски карактер дека и двете екипи ќе влезат максимално концентрирани и подготвени во обид да излезат како победник од истиот, -вели тренерот Боро Смилковски кој направи кратка анализа и на вечерашниот ривал.
-Екипата на МЗТ Скопје Аеродром е фаворит, АБА 1 лигаш и сериозна екипа која што одлично ги одработе подготовките, со исклучок на последниот натпревар против ПАОК. Имавме можност да гледаме дел од натпреварите, и иако на моменти покажаа супериорност во однос на ривалите, сепак како и секој имаат и свои слабости кои ние ќе пробаме да ги искористиме на денешниот натпревар.
-Нè очекува едно силно темпо и доколку успееме да ја исконтролираме нивната агресивност, парираме во скокот и имаме една шутерска вечер – се надевам дека после Купот, ќе можеме да дојдеме и до трофејот од Супер Купот на Македонија. Ова е една одлична можност за презентација на двете екипи пред своите поддржувачи и искрено се надеваме на одличен натпревар во еден вистински кошаркарски амбиен, -заврши Смилковски.
Петровиќ: ТФТ е екипа за респект, но целите на МЗТ се исти-победнички!
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија19 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства21 час
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија14 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија20 часа
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија18 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси
-
Репрезентација21 час
Серафимов: Дишевме еден за друг, се боревме и го оставивме срцето на терен!