Поврзете се со нас

Светски првенства

Скандинавско финале во Египет: Данска ја победи Шпанија и ќе го брани мундијалскиот трон

Објавено

на

Како ретко кога, едно полуфинале на Светските првенства го одлучи офанзивната игра на една селекција, или поточно во едно крајно израмнет натпревар, никој не очекуваше дека две гигантски селекции како Данска и Шпанија нема да обрнуваат внимание на одбраната.

Данска која влезе во полуфиналето како најефикасна репрезентација на турнирот во Египет на крајот се избори за ново финале на мундијалите, откако во едно доста чуден меч со огромен број на голови ја доби интересната пресметка со Шпанија, што значи дека ќе го брани мундијалскиот трон до кој првпат стигна пред две години.

Скандинавците беа подобри и водеа во текот на 60-те минути, но сепак во финишот дозволија драма како на четвртфиналето, но сепак нивна среќа беше што не доживеаја епилог како Египет. Данска во добар дел од средбата одржуваше плус четири, во последните три минути влезе со предност од плус три, но Шпанија се избори за напад за израмнување на триесетина секунди пред крајот.

Рибера ја нацрта акцијата и му ја додели одговорноста на Марчан, а овој немаше воопшто среќа и топката од паркетот се удри во гредата и мрежата на Ландин остана да мирува при резултат 34:33. Наместо израмнување, Данска во последните секунди постигна уште еден гол, па со победа од 35:33 се погрижи за скандинавско финале во Каиро, бидејќи противник ќе и биде Шведска која ја надигра Франција.

Никлас Ландин беше под својот просек во првото полувреме, но во последните 10 минути собра клучни три одбрани, но играч на мечот беше Микел Хансен кој со 12 погодоци буквално го торпедираше голот на „фуријата“. Фантастичен беше и Јенсен во победничкиот тим со седум гола, додека кај Шпанците Душебаев имаше седум реализации, а Фигерас шест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни