Поврзете се со нас

Репрезентација

Симиќ: Пред нас е најквалитетниот противник во Европа, мораме да дадеме се од себе

Објавено

на

Македонија е пред тежок тест во квалификациите за Светското првенство во 2023 година, односно во рамките на 5. коло и гостуваме на Шпанија во Сарагоса.

Оваа средба се игра во арената „Павиљонот Принц Фелипе“ и на истата ние не можеме ништо да загубиме со оглед на тоа што го имаме статусот на апсолутни аутсајдери. Во нашиот табор се свесни за квалитетот на „црвената фурија“, па според младиот Теодор Симиќ најважно е да се даде максумумот.

-Ретко кој добива шанса во кариерата да игра против актуелен светски шампион. Јас гледам на тој начин, да прикажеме максимум од своите моментални можности. За што ќе биде тоа доволно, останува да видиме на самиот натпревар. Нема предавање, без оглед кој е на другата страна на теренот. Тие се апсолутни фаворити, не само на овој натпревар. Да го дадеме најдоброто од себе, тоа е најважно, -истакна Симиќ кој беше најдобар поединец на средбата во Скопје и поради тоа се надева на слична партија во Сарагоса.

-Она што знам е дека ќе се обидам да го искористам секој даден момент, да ја искористам секоја минута на теренот која ќе ми ја даде селекторот. Не би имал ништо против, да ја повторам мојата игра во Скопје. Но, знаете, секој натпревар е посебна приказна. Реално, пред нас е веројатно најквалитетниот можен противник во Европа. Играме против нив, во Сарагоса, секако пред полна сала. Ќе биде тешко, многу тешко, -порача младиот Тео.

Средбата е закажана за 19:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни