Поврзете се со нас

Шпанија

Симеоне обелодени како се одвивал неговиот краток телефонски разговор со Суарез

Објавено

на

Луис Суарез вчера го комплетираше својот трансфер од Барселона во Атлетико Мадрид, операција од која секако најзадоволни останаа фановите на клубот од шпанската престолнина кои се надеваат дека Уругваецот ќе продолжи да ги тресе мрежите и во новиот дрес.

Во изминативе неколку дена на големо се говореше за интересната јужноамериканска соработка која ќе ја имаат Диего Симеоне и Суарез, а Чоло кој обично важи за голем мотиватор и човек кој знае лично да договора одредени играчи, сега открива дека немал потреба да го убедува „Ел Пистолеро“.

– Каква порка добив од Суарез? Немаше потреба да го убедувам, Суарез беше решен да дојде уште од првиот момент. Сам знае дека ова е местото кадешто ќе може да покаже дека и натаму е многу важен напаѓач. Го пронајдовме она што го бараше клубот. Страс и желба да биде во тимот, да се бори за тимот заедно со соиграчите. На вакви играчи, секогаш им оди добро во Атлетико, – вели Симеоне.

– Сите го познаваме Суарез, знаеме каков квалитет добиваме со него. Тој е пример за сите во тимот и со него ќе добиеме многу во противничкиот шеснаесетник.

– Откако се појави можност да си оди Алваро, моравме да реагираме, а имавме среќа што Суарез сакаше да ни се приклучи. Се надеваме дека ќе можеме брзо да му помогнеме да се прилагоди во тимот, – изјави Чоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни