Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Сидорф: Реал ќе мора да го казни помрачувањето на Сити!

Објавено

на

Кларенс Сидорф смета дека никој нема да го израмни рекордот на Карло Анчелоти во блиска иднина, а како голем фан на својот поранешен тренер, вели дека ќе навива за Реал Мадрид во полуфиналето кое вечерва се игра на „Сантијаго Бернабеу“.

Сидорф е единствениот играч кој ја има освоено Лигата на шампионите со три различни клуба, но од друга страна, за него изгледа неверојатно импресивно тоа што го направи Анчелоти, кој изминатиот викенд стана првиот тренер во историјата кој ги освоил сите трофеи во петте најсилни лиги во Европа.

– Не верувам дека некој ќе го израмни рекордот на Карло Анчелоти во брзо време, а можеби тоа нема да го направи никој во историјата. Анчелоти е перфектен тренер за сите големи клубови, – започнува Сидорф во интервјуто за „Кориере дело Спорт“, во кое се осврнува на вечерашниот меч против Сити.

– Анализирајќи го вечерашниот меч од тактичка гледна точка, Реал Мадрид мора да направи една работа. Мора да го израмни интензитетот на Сити, исто како што го направи тоа на првиот меч против Челси.

– Англиските тимови се навикнати да играат на високо темпо, со пресинг, но во текот на мечот прават одредени паузи и Реал Мадрид има доволно квалитет да го искористи тоа помрачување. Реал на таков начин постигна три гола во Манчестер, а вечерва тимот ќе го има зад себе „Бернабеу“. Нема да биде лесно за Анчелоти, но ќе имаат шанси за ново финале, – смета Сидорф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни