Поврзете се со нас

Лига на нации

Шведски репрезентативец сакал да му ги скрши нозете на Халанд, напаѓачот го „поздрави“ со погодок (ВИДЕО)

Објавено

на

Скандинавското дерби во Лигата на нации меѓу Шведска и Норвешка заврши со победа на гостите од 2-1.

Најголема заслуга за истата има новиот член на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд кој беше автор на двата гола за својот тим во 20 и 69 минута. Напаѓачот мораше доста да се бори со домашните играчи, а со еден од нив Александар Милошевиќ оствари посебен однос и најдобар доказ за тоа се неговите зборови по дуелот во Стокхолм.

-Прво ми кажа дека сум курва, можам без проблеми да кажам дека не сум. Второ ми кажа дека ќе ми ги скрши нозете, а по минута ипол дадов гол. Тоа е во ред, -истакна Ерлинг за „ТВ2“.

Инаку Милошевиќ има потекло од Балканот од Србија, а во моментов е член на шведскиот прволигаш АИК.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни