Поврзете се со нас

Репрезентација

Швајцарија ги промени условите, но и градот за мечот со Македонија

Објавено

на

Данило Брестовац ги избра 19-те ракометари на кои ќе смета за претстојните квалификациски натпревари кои се играат на почетокот на месец ноевмри, а во пресрет на одигрувањето на истите, денеска беше објавена една важна промена.

Македонија првиот натпревар го игра на 4-ти ноември против Финска на домашен терен, додека три дена подоцна и гостува на Швајцарија.

Сега, од швајцарската ракометна Федерација соопштија дека се менува градот домаќин за одигрување на квалификациската пресметка, па наместо во Цуг, мечот ќе се игра во Шафхаузен.

Претходно, Швајцарците продаваа и билети за дуелот против Македонија, но откако беа донесени нови мерки во борбата против коронавирусот, стана јасно дека средбата ќе се игра пред празни трибини во салата „ББЦ“ во Шафхаузен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни