Поврзете се со нас

Лига Европа

Шпанските медиуми го претставија егзибиционистот кој го прекина мечот меѓу Гранада и Јунајтед: Станува збор за познат бизнисмен

Објавено

на

Натрапниците на фудбалските терени не беа никаква табу тема во периоди кога имавме нормални сценарија и кога се играше фудбал пред полни трибини, но во периоди на глобално затворање и кога натпреварите се играат без гледачи, навистина беше чудно да се види како фудбалски фан прекинува еден елитен меч во Лигата на Европа.

Натпреварот меѓу Гранада и Манчестер Јунајтед беше извесно време во прекин во првото полувреме, откако натрапникот влезе на теренот без ниту едно парче облека на себе, пред сам да им се предаде на луѓето од обезбедување и полицијата откако претрча и се тркалаше на тревникот.

Неколку часа по натпреварот, шпанските медиуми ни го претставија човекот кој е добро познат на јавноста, а особено во Гранада каде жителите на овој град се запознаени со егзибиционизмот кој го практикува вчерашниот натрапник во Лигата на Европа.

Станува збор за Олмо Гарсија кој веќе неколку години го привлекувал вниманието во Гранада со своето шетање како од мајка роден, па сега очигледно самиот одлучи да направи чекор повеќе, прикажувајќи и се на цела светска спортска јавност со влетувањето на теренот.

Инаку, станува збор за познат бизнисмен од Гранада кој успешно води неколку компании, а со своето егзибиционистичко сфаќање на животот вели дека се чувствува подобра личност.

– Јас на овој начин ја искажувам својата чистота, својот мир. Ако се соблечете, ќе се чувствувате поискрени пред тие кои ве опкружуваат, – изјавил Олмо во едно интервју за медиум од Гранада пред извесно време.

Како што тврди „Марка“, Гарсија има неколку бизниси, но најразвиен му е оној кој датира од 2004-та година, а кој е насочен кон продажба на протеини и суплементи за спортисти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни