Поврзете се со нас

Германија

Шлотербек имаше чудесна интервенција во судиското продолжение, Дортмунд ги реши и „биковите“ од Лајпциг (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Борусија Дортмунд ја продолжи импресивната победничка серија и на вечерашниот меч против РБ Лајпциг кој го реализираше со резултат од 2-1.

Ова за популарните „милионери“ беше осма победа во низа во 2023 во Бундеслигата или вкупно десетта во сите конкуренции, па во одлично расположение ќе го дочека реваншот со Челси во Лигата на шампионите.

Ројс беше автор на првиот гол на денешниот меч и тоа од пенал во 21 минута. Џан во 39 зголеми на 2-0 по што стана јасно дека домаќините се многу блиску до нов триумф.

Со 2-0 се замина на пауза, резултат кој беше активен се до 74 кога Форсберг намали на 2-1. Потоа гостите се обидуваа и да израмнат, а најблиску до тоа беше Вернер во судиското продолжение, меѓутоа Шлотербек имаше фантастична интервенција на гол линијата за ерупција, задоволство на „Сигнал Идуна Парк“.

Дортмунд со 49 бода е на првото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни