Поврзете се со нас

Македонија

Шкупи ја одбрани тврдината „Чаир“ и го доби дербито за врвот во првата лига

Објавено

на

Во дербито за врвот во Првата македонска фудбалска лига, Шкупи потврди дека е во убедливо најдобра форма во нашата фудбалска елита, остварувајќи седма победа во низа во сите натпреварувања.

Гостин ова пополадне на стадионот „Чаир“ беше Ренова која како второпласирана се обиде да го нападне првото место, но тоа остана само желба бидејќи домаќините оставрија нов триумф и ја одбранија тврдината на домашен терен.

Шкупи остана со стопостотен ефект на „Чаир“ и стигна до петтата победа на петтиот меч, откако денеска славеше со 2:1 во дербито со кое беше отворено 11-то коло во ПМФЛ.

Адетунџи погоди за 1:0 на стартот на вториот дел и го материјализираше почетниот притисок на домаќините во овој период, по што следеше одговор од Ренова со далеку поофанзивна игра. Ова остави простор за домаќините, по што следеше пенал по прекршокот направен врз Адетунџи.

Одговорноста ја презема Алварез и погоди за 2:0, а до крајот, Ренова се избори за почесен пораз и Мустафов стрелаше за 2:1, што сепак не беше доволно за поголем успех на тетовчани.

Со оваа победа, Шкупи се одлепи на врвот на табелата пред Ренова и сега има пет бодови предност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни