Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија сигурна во Скопје, победи за „пандевци“ и „лавовите“ од Ѓорче

Објавено

на

Академија Пандев, Шкендија и Македонија Ѓорче Петров славеа на денешните мечеви во Првата македонска фудбалска лига со што го комплетираа одличното резултатско издание на водечкиот квартет во шампионатот со оглед на тоа што вчера и Шкупи ги освои трите бода во пресметката со Струга (3-1).

„Пандевци“ беа подобри од Тиквеш во Кавадарци со 2-1 и тоа со голот кој во самата завршница го постигна Митровски. Претходно Велиновски донесе радост за гостите, радост која беше анулирана од Нгоба во 54 минута.

Шкендија го потврди статусот на фаворит и го доби Скопје со 2-0 благодарение на Андре Лима и Шаља. Како гости славеа и „лавовите“ кои со минимални 1-0 беа подобри од Борец во Велес.

Голот вреден три бода за Македонија беше дело на дефанзивецот Атанасковски во 5 минута.

На другите средби Ренова беше подобра од Работнички (2-1), додека Пелистер ја изненади Брегалница (2-0)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни