Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија се засили со повремен репрезентативец на Албанија (ВИДЕО)

Објавено

на

Најдобрата екипа во првиот дел од домашниот шампионат Шкендија доведе уште едно ново име, четврто засилување во овој зимски преоден рок.

По Ферат Рамадани, Рубин Хебајт и Игор Вандерсон да Силва нов член на „црвено-црните“ е Камер Чака. Чака има 25 години и игра во средината на теренот, а со Шкендија потпиша две ипол годишен договор.

Тој има настапувано во клубови во Норвешка и Романија, но воедно е и повремен репрезентативец на Албанија. Камер одигра четири мечеви за албанската селекција, сите додека оваа репрезентација ја водеше италијанската легенда Кристијан Панучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни