Поврзете се со нас

Македонија

Шкендија и Ѓока пријателски се разделија по големото европско разочарување

Објавено

на

Шкендија вчера по вторпат загуби од Рига и го заврши својот настап во Европа доста рано, па разочарувачките изданија ова лето резултираат со радикална одлука од страна на раководството на клубот.

Ова попладне тетовскиот клуб излезе со соопштение за разделба со тренерот Ернест Ѓока, кој на крајот е означен како најодговорен за лошите претстави на Шкендија ова европско лето.

Шкендија експресно ги заврши квалификациите за Лигата на шампионите, а истото се случи и во новоформираната Конференциска лига со двата порази од Рига.

– Шкендија го соопштува прекинот на соработката со тренерот Ернест Ѓока. Претседателството на клубот и тренерот од Тирана заеднички се договорија дека разделба е најдобро решние во интерес на двете страни.

– Во оваа прилика, Шкендија им се заблагодарува на Ернест Ѓока и неговиот помошник Фатјон Тафај за придонесот даден во периодот кога беа дел од црвено-црните, водејќи го тимот кон домашната титула во натпреварувачката сезона 2020/2021.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни