Поврзете се со нас

Македонија

Шампионот се израмни со Пелистер и Гостивар: МЗТ немаше проблеми со Еуро Никел

Објавено

на

Кошаркарите на МЗТ Скопје издвојуваа сигурна победа над Еуро Никел од 77-51 во последниот натпревар од 8.коло во првата лига.

Бранителот на титулата ги доби сите четири четвртини, односно постепено го кршете отпорот на противникот за седми сезонски триумф со кој се израмни со Пелистер и Гостивар (7-1), односно со овие две екипи ја дели првата позиција на табелата.

Четворица играчи на „штрковите“ беа двоцифрени, најрасположен беше Робев со 17 поени, еден помалку имаше Јигитоглу, Војдан уфрли 11, а Дамјан Стојановски 10 кошеви.

Кај поразените се издвои Планиниќ со 15 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни