Поврзете се со нас

Атлетика

Сензација на 100 метри: Италијанецот Џејкобс со европски рекорд стана олимписки шампион (Видео)

Објавено

на

Италијанецот Марсел Ламонт Џејкобс направи сензационален резултат ова попладне во Токио, бидејќи стана првиот Италијанец кој освои златен медал на едни Олимписки игри на најкратката делница во атлетиката.

Големите возбудувања на 100 метри започнаа со предвремено стартување на Британецот Хјуз и негова дисквалификација, а потоа од вториот старт, победи човекот кој не беше посочен како изразит фаворит пред финалната трка.

Џејкобс испиша историја и стана првиот Италијанец кој освои злато на 100 метри, но исто така, од денеска е и најбрзиот човек на стартиот континент, бидејќи со времето во финалето постави европски рекорд.

Марсел ја истрча најбрзата делница за време од 9.80 секунди и постави континентален рекорд, а зад него завршија Фред Кирли од Америка кој го освои среброто, како и Канаѓанецот Андре Де Грасе кој одново мора да се задоволи со бронзата.

Претходно, во полуфиналето, Џејкобс истрча за 9.84 секунди, а подобрувањето на резултатот во големото финале му донесе најголем успех во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни