Поврзете се со нас

Репрезентација

Селекторот Ѓоровиќ избра 17 кошаркарки за квалификацискиот турнир: Карантин во Охрид, па „балон“ во Рига

Објавено

на

Женската кошаркарска репрезентација ќе го има својот прв настап во услови на пандемија, бидејќи во месец ноември ќе биде дел од квалификацискиот турнир во Рига кој ќе се одржи во НБА услови, односно во таканаречен „балон“ со цел да се заштитат сите учесници.

Селекторот Владимир Ѓоровиќ денеска ги селектираше 17-те избранички на кои ќе смета на ноевриските квалификации, пред кои целиот тим и комплетниот стручен штаб ќе мине низ задолжително тестирање, пред да се упати во Охрид каде ќе има подготовки во специјални услови.

– Најголем проблем за мене е што 90% од повиканите кошаркарки, од март па се досега, немаат одиграно некој официјален натпревар. Поради тој факт не можеме да знаеме на што сме и на кое ниво на подготвеност се наоѓаат. Со самото тоа, некоја рутина и темпирање на натпреварувачка форма е ставено под голем прашалник, – вели селекторот и додава.

– Ова е втор ФИБА „прозорец“, но сега во услови на пандемија, со подготовки во карантин. Една доста специфична ситуација, но се надеваме на добра адаптација, и она што е добро, десет дена заеднички тренинг и собир во услови на карантин, кој може многу да придонесе на создавање на добра атмосфера, – нагласи Ѓоровиќ

СПИСОК НА КОШАРКАРКИ ЗА НОЕМВРИСКИОТ ЦИКЛУС НА КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП

1. Нена Трајчевска

2. Aнџелика Митрашиновиќ (Будуќност Бемакс – Црна Гора)

3. Софија Лазареска (Милано Баскет Старс – Италија)

4. Матеа Николиќ (Кампо Бассо – Италија)

5. Ивана Кметовска (КАМ Баскет)

6. Катерина Поп Димитровска (КАМ Баскет)

7. Ивона Пејковска (Вардар)

8. Сандра Лазареска (Бадел 1862)

9. Драгана Јоловиќ (Бадел 1862)

10. Драгана Петковска (Работнички)

11. Сања Адамовска (Бадел 1862)

12. Наталија Секуловска (Бадел 1862)

13. Јована Петрушевска (Вардар)

14. Габриела Модева (Струга 2009)

15. Марија Димитријевиќ (Бадел 1862)

16. Цветанка Димова (Бадел 1862)

17. Девана Бонер (Конектикат Сан – САД)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни