Поврзете се со нас

Европски првенства

Несторовски со порака од болничкиот кревет: Жал ми е, но подготвен сум да станам и да се борам (Фото)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски ги поминува најтешките мигови од својата кариера откако и дефинитивно стана познато дека ќе го пропушти настапот на Европското првенство поради повреда.

Несторовски го оперираше коленото на кое ги повреди предните вкрстени лигаменти и сега се наоѓа пред долг процес на рехабилитација.

29 годишниот напаѓач се огласи по операцијата и од болничкиот кревет порача дека нема да се предаде и дека е подготвен да се бори со овој предизвик.

– Жал ми е, но сум подготвен да станам и да се борам. За жал, оваа повреда нема да ми дозволи да играм на Европското првенство со Македонија, на што бев многу желен. Но, ќе дадам се од себе и ќе го победам овој предизвик да се вратам посилен од порано. Сакам да да им се заблагодарам на моето фантастично семејство, на соиграчите, пријателите и навивачите кои ми напишаа и ме натераа да се чувствувам сакан повеќе од кога било во ова тешко време. Благодарност и до професорот Маријани и неговиот тим. Патот е тежок, но јас сум подготвен, -напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни