Поврзете се со нас

Италија

Сари изненаден од реакцијата на Роналдо: Не мислев дека е вознемирен

Објавено

на

Кристијано Роналдо стави крај на една црна серија кога се во прашање прекините и ова попладне го постигна првиот гол од слободен удар како член на Јувентус, погодок со кој го неутрализираше притисокот на Торино кој тргна по израмнување по голот за 2:1.

Португалецот зголеми на 3:1 и дефинитивно го откажа градскиот ривал со мајсторијата, а колку овој погодок му значеше призна и самиот по крајот на средбата која заврши 4:1.

Роналдо призна дека ова ќе биде голем плус за неговата самодоверба после толку неуспешни обиди, но неговата искрена изјава го изненади тренерот Маурицио Сари кој сметал дека Кристијано не е вознемирен од слабиот биланс на реализирани слободни удари.

– Искрено, не сметав дека ова го вознемирува. На крајот од мечот тој рече „конечно“. Не очекував таква реакција, но очигледно ова беше ослободување за него, – изјави Сари кој имаше пофалби и за Квадрадо.

– Изненаден сум од Квадрадо. Не од неговиот квалитет, туку од напорната работа со која се залага да помогне во одбрана. Тој има невројатна концентрација и е максимално фокусиран на тренинзите, па поради тоа од офанзивен играч стана добар дефанзивец, – посочи Сари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни