Свет
Сантош испрати јасна порака на промоцијата како селектор на Полска: Јас сум главен на тренинзите!

Фернандо Сантош се раздели со португалската фудбалска репрезентација после една успешна етапа која траеше со години, а која најмногу ќе се памети по освоената европска титула и историскиот успех.
Во своите последни денови како селектор, Сантош го наруши односот со Кристијано Роналдо поради фактот што реши да го остави на клупа на најважните натпревари, но коментирајќи го овој случај, испрати јасна порака и на презентацијата како селектор на Полска.
Сантош денеска беше претставен како наследник на Михниевич и потпиша договор со Полска до 2026-та година, а во оваа селекција ќе соработува со нова голема ѕвезда, Роберт Левандовски.
– Сакам со Полска да направам нешто што веќе го направив со Грција и Португалија. Сакам да оставам наследство, да направам нешто за иднината. Сакам да поставам бази за една нова селекција. Ќе се концентрирам на работата во младинските школи и во најсилниот тим.
– Моја предност е што секогаш сум работел со големи фудбалер, сега ќе биде со Левандовски. Секој голем играч има свој менталитет и посебен карактер. Работата на еден селектор е да знае добро да искомбинира и да изменаџира. Едно е јасно, за време на тренинзите јас сум главен и фудбалерите мора да го почитуваат тоа, без разлика за кого станува збор, – изјави Сантош.
-
Светпред 22 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 22 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 8 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 17 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 19 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
Италијапред 20 часа
Алегри: Поставивме добра основа да се вратиме на вистинскиот пат
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир